Еден бифтек во ресторанот „Smith & Wollensky“ на Менхетен обично чини 36,5 долари, но истиот ручек, доколку го изедете во друштво на легендарниот инвеститор Ворен Бафет, ќе ве чини ни помалку ни повеќе туку 2,63 милиони долари. Тоа бил резултатот на годишната аукција на интернет на која понудувачите се натпреварувале за ручек со популарниот инвеститор.  Аукцијата започнала минатата седмица, а завршила во петокот ноќта.


Приходот од аукцијата бил наменет за една хуманитарна организација од Сан Франциско, во која Бафет бил вклучен од неговата покојна сопруга. Бафет е голем љубител на месото, познат по тоа што акционерите во својата компанија ги повикува да ги посетат неговите омилени ресторани кои подготвуваат бифтеци и да го пробаат тој специјалитет.