Веќе полни четири децении се обидуваме да ја решиме Рубиковата коцка. Тридимензионалната играчка со генијален дизајн, која ја сочинуваат 26 помали коцки, во 1974 година ја измислил унгарскиот архитект и професор Ерно Рубик, по кој и го носи името. Коцката до денес е продадена во повеќе од 350 милиони промероци ширум светот, а се проценува дека секое седмо лице барем еднаш се обидело да ја реши.

По тој повод во Њу Џерси, во САД, отворена е изложба на која се претставени разни верзии од коцката, како што е коцка од злато и скапоцени камења, вредна 2,5 милиони долари. Математичарите наведуваат дека постојат 43 трилиони комбинации за сложување, и дека може да се сложи во најмалку 20 потези. Моменталниот светски рекордер во сложување на Рубиковата коцка е 17-годишниот холанѓанин Матс Валк кој успеал да ја сложи за неверојатни 5,55 секунди.