РТС во Охрид, ама не националната телевизија на Србија, туку нашата Македонска радио телевизија со свите стари репортажни возила кои потсетуваат на некои поодминати времиња. И додека другите национални телевизии од регионот се модернизираа и дигитализираа, нашата национална телевизија се’уште преносите и настаните ги реалзира и покрива со застарена техника и репортажни возила на кои пишува Радио телевизија Скопје. Без квалитетен, независен и силен јавен сервис нема добро новинарство. Во отсуство на претходно кажаното, јавното мислење во земјата и натаму ќе го креираат политичките партии и приватните – комерцијални телевизии, кои единствено ги интересира профитот и сопствениот интерес. А што се тие виновни кога некој или никој нема интерес работите да се променат.


РТС во Охрид

OhridNews
фото: Емилио