Пред нив ќе бидат презентирани туристичките можности на Охрид, а покрај средби со македонските туристички работници гостите од Србија ќе ги разгледаат културно – историските знаменитости на градот и ќе имаат можност да вкусат национални специјалитети.
Туристичките работници и угостителите од Охрид интензивно се подготвуваат за топол пречек на колегите и медиумите од Србија, од каде доаѓаат и најголемиот број од странските туристи кои ја посетуваат земјава.