Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на Приштина дека од утре стапува во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.
Во Косовска Митровица се слушаат сирени од пред 18 часот се слушаат сирени.
Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини Јариње и Брњак каде се распоредени косовски специјалци.
Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ Јариње, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.
Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС.
Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.
OhridNews