Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.
Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.
РСБСП советува доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте алкохол, доколку консумирате алкохол – користете јавен превоз или повикајте такси превоз, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, возете внимателно и грижете се за сите учесници во сообраќајот и возете со СРЦЕ!.
Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата. Ако го славите Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорно однесување. Честит празник на љубовта и виното! Возете безбедно!, порачуваат од РСБСП.
OhridNews