Во рамки на кампањата „Користи зимска опрема“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги потсетува возачите на моторни возила на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилото (независно на тоа дали се вклучени во сообраќајот во населено место или надвор од населено место) од 15 ноември оваа година до 15 март следната година.

Неповолните временски услови на патиштата (влажни коловози, пониски температури, врнежи на дожд и снег, намалена видливост) може да го зголемат времето на реакција на возачите, да ги деконцентрираат, да го продолжат сопирачкиот пат на возилото и сл. Затоа РСБСП советува да се провери возилото и да се подготви за зимските услови, да се почитува законската обврска за носење на зимска опрема и да се придонесе за побезбедно учество во сообраќајот на патиштата, потенцираат.

РСБСП апелира возачите да ја проверат подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата!

Да придонесеме за намалување на несаканите последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, додаваат.

OhridNews