Според податоците на СЗО годишно во светот околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека 1100 млади лица на возраст до 25 години секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди ширум светот.
Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години а втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 25 години.
Имајки ги во предвид наведените факти со право можеме да кажеме дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век, потенцираат од Републичкиот совет за безбедност на патиштата.
Според светските искуства и резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи се: Возачко неискуство, Недоволна созреаност и слаб карактер, Неискуство во ноќно возење, Не користење појас, Рассеано возење и нефокусираност, Замор, Несовесно возење, Брзо возење и алкохол.
Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и никогаш не возете под дејство на алкохол.
РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорното однесување во сообраќајот.
OhridNews