Полицијата во американската сојузна држава Јужна Каролина дарувала рози за Св.Валентин, со претходно предавање на пиштол.
Јужнокаролинските власти ја спроведуваат програмата ‘Gunns for Roses’ на две локации во градот Колумбија.
Покрај розата во замена за пиштол следувал и вредносен бон од 100 долари, а за предадена пушка 50 долари.
Портпаролот на шерифот од Ричленд вели дека веќе е извршено големо примопредавање на едно место во Колумбија каде што полицајците примиле 75 пиштоли во првите 90 минути од акцијата. Полицијата соопштила дека еден човек донесол шест пиштоли.