Викендов во Торино (Италија) ќе се одржи 30-то Европско првенство во атлетика во сала.

На ова ЕП единствен представник од Македонија ке биде олимпијката Ивана Рожман која ќе настапи во сабота (7 март) во квалификациите на 60 метри.

Рожман е рекордерка на Македонија на 60 метри во сала со време од 7.74 секунди, рекорд кој го постави оваа година на 31-ви јануари на Атлетскиот митинг “Академик” во Софија (Бугарија).

Во Торино заедно со Розман замина и нејзиниот тренер Георги Вучков.

ohridnews