Втора година по ред спринтерката Ивана Рожман ја добива наградата за најдобра ателтичарка во Македонија, Олимпијката Рожмн лани беше дел од Светското првенство во Берлин како и на многубројни натпревари, на кои достоинствено ја преставуваШе Македонија :
– Пресреќна сум што ја добив наградата која е своевиден стимул за постигнатите резултати и се надевам дека наредната година ќе го задржам овај тренд и постигнувам уште подобри резултати – рече Ивана Рожман.
Минатогодишната награда за најдобар младинец, Кристијан Еферомов ја замени со признанието за најдобар сениор.
– Секоја награда е дополнителен поттик да се унапредам, да продолжам со макотрпната работа – рече Кристијан Ефремов.
Двојната круна на АК Охрид, севкупни победници во Купот на македонија за Младинци и севкупни победници на купот на Македонија за сениори-ки му ја донесоа наградата најдобар тренер на охриѓанецот Влатко Димитрвв.
– Задовлен сум бидејќи наградате е одраз на една долга трајна макотрна работа., Оваа година АК Охрид доминираше на натпреварите во Македонија, а нашите поединци имаа успеШна презентација на меЃународните натпревари – истакна повеќекратниот добитник на ова награда , Влатко Димитров.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com