Еден од најпознатите тенисери на светот, Рожер Федерер, ќе стане татко по трет пат. Федерер, кој е во брак со Мирка вавринец, веќе ги има близначките Мила и Шарлин, а во 2014 година тие ќе станат постари сестри.
Тенисерот оваа радосна вест ја објавил преку својот твитер профил, па од сите страни почнале да стигнуваат честитки. Напишал дека тој и Мирка се многу среќни што можат да ја поделат веста дека Мила и Шарлин ќе станат постари сестри во 2014 година и на сите им посакал среќни празници.