Розе дијамант „fancy vivid“ од 8,41 карати, со исклучителен сјај и чистота, продаден е на 7 октомври во Хонг Конг за рекордни 14 милиони евра, објавила аукциската куќа Сотби. Тој дијамант со крушковиден облик поставен во прстен го надминал досегашниот рекорд кој го држел розе дијамант од истиот тип од пет карати продаден во 2009 година за 8,45 милиони евра. „fancy vivid“ и „internally flawless“ се користат за означување на насилни бои и чистина на дијамантите.
Имено, розевите дијаманти се сврстени во пет бои, според нивниот интензитет, а „fancy vivid“ е на врвот на таа скала. Розе бојата кај дијамантите сеуште не е разјаснета. Се чини дека тие камења истовремено биле изложени на голема топлина и висок притисок. Првиот розе дијамант е ископан во Иднија во 17 век, а потоа во Бразил и Африка. Денес 90 проценти од сите вакви дијаманти потекнуваат од само еден рудник, Аргил во западна Австралија. Но тие и понатаму се исклучително ретки и чинат 0,1 роцент од 20 милиони карати сирови дијаманти кои годишно се произведуваат.