Роверот на NASA не троши ни малку време откако слета на црвената планета. Тој последно испрати 120 слики кои беа споени заедно за да се добие првата слика во боја од местото каде што слета.
Оваа слика освен малку осветлување поради слабата светлина на планетата не е менувана на никој друг начин, што значи дека ако луѓето би ја посетиле планетата оваа се истите бои кои би ги виделе.
Од NASA изјавуваат дека главната камера на нивниот ровер е способна за слики со 8 пати поголема резолуција од оваа па во наредните денови можеме да се надеваме на уште подобри слики од површината на Марс.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com