Британскиот комичар Роуан Аткинсон, најпознат по улогата на Мистер Бин, бил прогласен за мртов на Твитер. Во рок од неколку часа оваа вест, која на шега ја испратил филипинскиот актер Мајкл Роберт Мерас, се проширила како гром. Така илјадници корисници го изразиле своето жалење со пораката “R.I.P. Rowan Atkinson”.
Наседнале и уредниците на сајтот Википедија, на кој неколку часа пишувало дека датумот на смртта на актерот е 26 февруари 2012 година. Кога ги видел размерите кои ги попримила неговата невкусна шега, Мерас се извинил и напишал дека се било само шега и дека не знаел дека ќе биде толку масовно.