Сопственичката на шестгодишниот ротвалјер Дејв, британката Аманда Колинс, ја открила неговата мајчинска страна откако еднаш донела дома напуштен зајак. Дејв му се приближил и веднаш се спријателиле, а сега дури и ја делеле храната.
Аманда наскоро открила дека тоа не било случајност. Дејв, тежок 60 килограми, исто реагирал и кон мачките и гуските кои биле згрижени во продавницата за дамашни миленици во која работела неговата сопственичка. Тој досега и помогнал во одгледувањето на три гуски, неколку зајци, 13 мачиња и пет кученца. Гоемиот ротвајлер имал трауматично детство. Првиот сопственик му отсекол дел од опашката со секира. Подоцна Дејв добил награда за најпозитивно куче.