Ротаракт Клубот од Охрид и Македонската Мисија за Хуманост, вчера доделија пакети со храна и со потребни средства за хигиена, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Во рамките на посетата, била остварена средба и со директорката на институцијата, Наташа Младеновска – Лазаревска, која изразила голема благодарност за донацијата.

Исто така во рамки на посетата биле договорени и иницијативи за понатамошни активности од ваков вид, кои ќе помогнат во подобрувањето на условите и на квалитетот на живот на децата кои престојуваат таму.

OhridNews