Седумкратниот европски првак Милан ја одреди првата трансфер мета за летниот преоден рок. Се работи за фудбалерот на Бреша, Сандро Тонали.

Милан има подготвено два планови за ангажман на Тонали. Едната понуда е само пари во висина од 50 милиони евра додека втората понуда е тројца играчи (Матеа Габи, Алесандро Пизари и Томазо Побега) плус пари.

Италијанските медиуми на 19-годишниот фудбалер поради начинот на игра и изгледот му дадоа надимак „Новиот Пирло“. Тонали за Бреша дебитираше во 2017 година со 16 години, а веќе собра три настапи во дресот на италијанската репрезентација.

OhridNews