Екипата на Милан немаше сила за целосен пресврт на мечот со Палермо, кој заврши без победник 2-2.


Во воведниот натпревар од 10-та рунда сицилијанците поведоа 2-0 со головите на Миколи и Бринца. Фудбалерот за врска Монтоливо го намали додека Ел Шарави го изедначи резултатот.

Со освоениот бод тимот на “росонерите“ стигна до единаесетиот сезонава, а Палермо до осмиот што ги сврстува во долниот дел од табелата.

Мх.П.