Составот на Милан им се врати на победите во италијанската Серија А откако на домашен терен со 2-0 (2-0) го совлада тимот на Торино.

„Росонерите“ уште во првиот дел постигнаа два голови со кои широко си ја отворија вратата за победа.  Стрелци на „Сан Сиро“ стадионот беа Леао односно Кеси. „Миланезите“ во второто полувреме ја задржаа предноста, победија со 2-0 и на најдобар можен начин ги залечија раните од поразот во дербито со Јувентус.

Многу важна победа забележа и Џенова. Екипата каде настапува Горан Пандев со 2-0 славеше во дуелот со Болоња. Со новите три бодови, Џенова побегна од опасната зона. Во првиот меч од денешната програма Аталанта со 4-1 беше подобра од Беневенто.

OhridNews