Руската вселенска корпорација Роскосмос објави дека американскиот астронаут, кој се наоѓа во руската вселенска капсула, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е претходно планирано.
Таквата потврда доаѓа откако некои американски медиуми претходно изразија сомнеж во врска со враќањето на американскиот астронаут Марк Ванде Хеи во околностите на санкциите воведени кон Русија поради ситуацијата во Украина.
Американскиот астронаут Марк Ванде Хеи ќе се врати на 30 март во вселенското летало Сојуз МС-19 со руските државјани Антон Шкаплеров и Петро Дубров. Роскосмос никогаш никому не дозволил да се сомнева во неговата веродостојност како партнер, соопшти прес-службата на Роскосмос.
Корпорацијата, исто така, нагласи дека безбедноста на вселенскиот екипаж отсекогаш била приоритет на Роскосмос.
Извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, претходно на својот Телеграм канал објави извадок од емисијата на Фокс њуз, во која се наведува дека Русија може да остави американски астронаут во вселената.
OhridNews