Рооибос чајот својата слава ја стекнал поради своето благотворно и закрепнувачко дејство врз човечкиот организам. Тој е најдобар чај за зајакнување на имунитетот и за подобрување на крвната слика.

Особено ефикасен е против:

– грипот и настинките, вирозите. Особено за оваа цел добра е комбинацијата Рооибос Еукалиптус која ги прочистува дишните патишта. Рооибосот исто така го именуваат и како „Мајчино млеко“ затоа што ја поттикнува работата на млечните жлезди кај доилките  и во исто време ги отстранува грчевите и коликите кај бебињата.

Рооибосот чајот не е само чај, тој е енергетски напиток кој во себе содржи:

– витамин Ц
– минерали: железо, магнезиум, калциум, натриум, калиум, бакар, цинк, флуор, манган, но најмногу преовладува железото;
– прекрасен напиток за пролет и лето за ревитализација на организмот, бидејки се пие и во топла и во ладна варијанта како ладен чај;
– една од најважните особини е тоа што е благотворен за желудникот и максимално го подобрува варењето на храната;
– не содржи теин (кофеин) што го прави подобен за сите старосни групи, особено се препорачува кај бремените жени за смирување на утринските мачнини;
– се препорачува кај луѓе кај кои се јавуваат алергии со тоа што го јакне имунитетот.

Во себе содржи минерал(alpha-hydroxy) кој е добар кај проблематичната кожа против акните, дерматитис, надразнета кожа, осипување кај бебиња од иритација од пелени, проблеми на кожата во адолесценција. При постоење на вакви проблеми лекувањетоа со рооибос чајот преку пиење и нанесување на кожата дава одлични резултати.

Предноста на рооибос чајот во однос на другите чаеви е тоа што тој може да отстои и 24 часа без да изгуби од својата вредност, така што можете да го направите еднаш во денот и да го пиете во текот на целиот ден. Во лето или при вежбање (тренинг )кај спортови што бараат поголема физичка активност,  при што се губат повеќе течности, овој чај по природен пат го надоместува губењето на витамините и минералите. При зголемено потење (спортисти и рекреативци) тој го забрзува ревитализирањето на организмот.

Особено се препорачува при процес на слабеење (кај диети каде има рестрикција на храна) затоа што рооибос чајот не содржи калории, а го задоволува организмот со потребните витамини и минерали.

Рооибосот ги:

– ублажува и отстранува желудечните и дигестивните проблеми кај возрасните (ќир, цревни воспалувања, мачнини и повраќања, киселини)
– ја намалува раздразнетоста, главоболката, нервната напнатост, несоницата-уште се нарекува чај за добар сон
– го заштитува срцето
– превентивно делува против појавата на карцином
– заштитува при заболување нацрниот дроб и дебелото црево
– го спречува стареењето на мозокот и промените кои настануваат во мозокот при стареењето
– докажано дејствува против алергии, асма, егзем
– одлично средство за чистење на кожата и забавување на стареењето на кожта
– бидејки не содржи теин(кофеин) може да се консумира 1 до 2 литри кај сите старосни групи, исто така и бремените.
 
Во „Лотос Вита Чи“ убавината значи здравје, Рооибос чај за здрава и убава насмевка.

OhridNews