Гитаристот на Ролингстоунс, Рони Вуд, една од најголемите свестски рокенрол легенди, фотографиран е на балкон во хотел во Цирих во фенси розе пижами украсени со парчиња лубеница. Под раката носел скици и цртежи, а пижама моментот не траел долго, бидејќи брзо се пресоблекол во тесни фармерки и бела маица, додека од горниот балкон го посматрал Кит Ричардс.

Ролингстоунс во рамките на својата европста турнеја во неделата ноќта свиреле во Цирих пред 50 илјади обожаватели, токму на 67-от роденден на Вуд. Тапанарот Чарли Вотс во понеделникот наполна 73 години, а следниот концерт на бендот е во среда во Тел Авив пред повеќе од 100 илјади луѓе.