Членот на една од најпопуларните рок групи на светот „Ролингстоунс“, Рони Вуд, ќе стане татко на 68 години, пренесуваат британските таблоиди. Според пишувањето на таблоидот Сан, Рони и неговата 31 година помлада сопруга Сали Хамфриз очекуваат близнаци.
Тоа ќе биде прва нивна принова после венчавката во 2012 година, на која се одлучија после само неколку месеци забавување. Како што наведува извор близок до парот, Рони е многу возбуден поради фактот што ќе стане татко и годините не му претставуваат проблем, бидејќи се чувствува младо и здраво. Инаку, тој од претходни врски веќе има четири деца.