Рони Вуд, гитаристот на Ролингстоунс и неговата поранешна сопруга Џо Вуд ја продаваат на аукција заедничката колекција составена од уметнички дека и предмети кои се однесуваат на легендарниот британски рок бенд. Како што пренеле медиумите, на лицитацијата која ќе биде одржана во Лос Анџелес ќе се најдат предмети кои опфаќаат период од 40 години, од неговиот ангажман во Ролингстоунс, преку неговата соработка со бендот Фејзис до соло кариерата. Ќе бидат понудени и бројни уметнички дела како и мебелот од поранешната семејна куќа.
Меѓу предметите кои се очекува да побудат најголем интерес се облеката од турнеите, посебно кожните јакни, бекстејџ пропусниците од разни концерти, како и гитарата Фендер Стратокастер на која е насликана сцена од едни снимање како и портрети од , Ерик Клептон и Боб Дилан. Аукциската куќа Џулиенс ја проценила збирката на 500 илјади долари, од која еден дел ќе биде наменет на хуманитарната организација MusiCares која им помага на музичарите во неволја.