Ѕвездата на мадридски Реал, Кристијано Роналдо, во неделата го прославил 27-от роденден и самиот на себе си го купил најубавиот подарок. Португалецот купил Ламборџини од лимитирана серија вредно неверојатни милион евра. Спортскиот автомобил на италијанскиот производител има ознака “CR7”, што е и популарната кратенка на фудбалскиот ас.
Новиот миленик на четири тркала достигнува брзина од 0 до 100 километри на час за импресивни 2,9 секунди, а се движи на мотор од 700 коњски сили. Португалецот во возниот парк веќе има два автомобили Бентли, четири Ауди, два Мерцедеси, по еден Астон Мартин, Масарети и Порше. На тренинг се вози со Ауди, и тоа поради спонзорски причини.