Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го пофали настапот на репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Историски настап, 100% победи! Честитки за Португалија – напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Португалија го освои првото место во групата Ј со максимални 30 бодови и се пласираше на ЕП 2024. Португалецот на квалификацискиот турнир оствари 10 победи во 10 натпревари, постигнувајќи 36 гола и само два примени.

Триесет и осумгодишниот Роналдо одигра девет натпревари за својата репрезентација во рамките на квалификациите за ЕП, на кои постигна 10 гола и две асистенции.

OhridNews