Најдобриот фудбалер на светот наводно се гледа со украинската манекенка Јара Кмидан. Кристијано Роналдо штотуку раскинал со руската манекенка Ирина Шајк а веќе наводно љуби друга. Како што тврдат португалските медиуми, тој се гледа со атрактивната манекенка Јара Кмидан.
Јара моментално живее и работи во САД и нејзината кариера е во голем подем. Се чини дека Роналдо сепак во потполност не „оладел“ од убавата Ирина. Имено, неговата нова девојка неодоливо потсетува токму на поранешната девојка на фудбалерот.