Италијанските медиуми објавиле дека фудбалерот Кристијано Роналдо ја изневерил девојката Ирина Шајк со Никол Минети, наводна љубовничка на Силвио Берлускони. Италијаните тврдат дека Роналдо и Никол биле видени на почетокот на декември во хотел во Мадрид, а потоа и во шопинг.
Бесниот фудбалер побрзал овие наводи да ги демантира на Фејсбук. Напишал дека повтроно објавиле лаги за него и дека нема да дозволи такви глупости. Доколку продолжат, рекол дека ќе ангажира адвокат да ги сопре несовесните новинари.