Со трите голови што ги постигна во саботната победа на Манчестер Јунјатед над Тотенхем (3-2) во натпревар од 29. коло во Премиер лигата, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо стана фудбалер со најмногу постигнати голови во кариерата во фудбалската историја.

За Роналдо тоа беа 805, 806 и 807. гол во кариерата на клупско и репрезентативно ниво, со што го надмина досегашниот рекордер, австриско – чешкиот напаѓач Јозеф Бичан, кој во текот на својата кариера од 1931 до 1957 година, постигна 805 голови.

Роналдо досега постигна 136 голови за Манчестер јунајтед, 115-ви дресот на Португалија, 450 за Реал Мадрид, 101 за Јувентус и пет голови за својот матичен клуб Спортинг Лисабон.

Чешката фудбалска федерација, меѓутоа, го оспорува рекордот на Роналдо, и тврди дека ревидираната статистика покажува оти Бичан во кариерата постигнал вкупно 821 голови.ж

OhridNews