Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот првенец во натпревар од Лигата на шампионите во Азија. Тој му помогна на својот клуб Ал-Наср да дојде до победа со 3:1 над Истиклол од Таџикистан.

Саудискиот клуб губеше до 66. минута кога Роналдо изедначи на 1:1.

Добра игра на целиот тим! Среќен што го постигнав мојот прв гол во азиската Лига на шампиони! Продолжуваме да победуваме! – напиша Португалецот на социјалните мрежи.

Роналдо се запиша во листата на стрелците на трет натпревар по ред. Тој за Ал-Наср има 39 поени (31 гол, 8 асистенции) на 35 натпревари.

OhridNews

фото. ЕПА/МИА