Судењето на португалскиот ас Кристијано Роналдо за затајување данок во Мадрид заврши со спогодбен договор помеѓу шпанското обвинителство и фудбалерот.

Роналдо за прикривање на данокот во Шпанија доби казна од 23 месеци затвор но слободата си ја купи со 18,8 милиони евра кои ќе ги исплати следниов период.

Португалецот на судењето се појави со својата девојка Георгина Родригез, а пред судницата имаше голем број фанови на кралскиот клуб кои него заборавија некогашниот миленик. Роналдо девет сезони го носеше дресот на Реал Мадрид.

Со денешниот расплет заврши големата сага околу Роналдо која започна во 2011 година, а продолжи три години подоцна.

OhridNews