Португалската фудбаласка супер ѕвезда имаше успешен кам-бек во дресот на Јувентус, постигнувајќи два од четири голови за победа (4-1) во дуелот со Специја. Роналдо паузираше поради позитивен исход на тестови од коронавирусот.
Немав симптоми и се чувствував многу добро. Се вратив на она што најмногу го сакам, а тоа е играње фудбал. Серија А е многу добра лига. Милан игра одлично, тука се Лацио и Наполи. Сезонава ќе мораме да бидеме подобри за да ги оствариме нашите цели. – изјави Роналдо.
На прашањето од италијанскиот новинари околу тестови за ковид -19, Португалецот кратко одговори дека се вратил во фудбалот и тоа е најважно. Роналдо неодамна изјави дека тестовите за коронавирусот се ср**е и предизвика лавина реакции во светската јавност.
Јувентус со три победи , три нерешени средби и со вкупно 12 бодови се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија А. Лидер е Милан со 16 поени, а второпласиран е Сасуоло.
OhridNews
Кам-бек со два голови на Роналдо, акробациски гол на Ибра за триуфм на Милан (видео)