Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо смета дека неговиот тим е на прав пат да излезе од резултатската криза.
Манчестер вчеравечер го победи Евертон со 2:1 во 10. коло на шампионатот на англиската Премиер лига, а Роналдо го постигна својот „првенец“ сезонава и вкупно 700. гол во неговата кариера.
Одлична победа момци!Уште еден чекор во вистинската насока!– напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Манчестер јунајтед постигна стигна до 15 бода и се искачи на 5. место во Англиското фудбалско првенство. Евертон е 12. со 10 бодови.
OhridNews