Најскапиот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо и покрај повредата сака да биде дел од португалската селекција која во баражот за СП ќе игра против Босна и Херцеговина. На ваквата желба на  Роналдо, силно се спротиставува раководството на Реал, кое не сака повредата да се комплицира.

Кристијано сака да игра и ќе дојде со нас, а нашата медицинска екипа ќе го прегледа – изјавил Жилберто Мадаил, претседателот на Португалскиот фудбалски сојуз за шпански „АС“.

Од Мадрид реагираат и не сакаат да го видат Роналдо на теренот против Џеко и тимот на Блажевиќ

Докторите и здравиот разум му забрануваат играње за Португалија. Се надевам дека нема да има проблеми, бидејќи лекарот беше јасен – вели  директорот на Реал Хорхе Валдано.

ohridnews