Најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо работи напорно за да може што побрзо да се врати на терените и да му се стави на располагање на тренерот Жозе Мурињо. Португалецот кој ја обнови незгодната повреда на мускулот за време на градското дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид поради што не е во комбинација за дуелот на својата репрезентација со Финска.


Шпанските медиуми информираат дека Роналдо тренира со личен тренер по седум часа на ден само за да може да биде способен за настап на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите со Тотенхем, кој ќе се одигра за седум дена.

Најдобриот стрелец на „кралевите“ сигурно ќе го пропушти дуелот со Спортинг Хихон овој викенд, но Роналдо се надева дека ќе може да се врати на теренот за првиот четвртфинален меч со Тотенхем, кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Ohridnews