Со осмиот хет трик во Лигата на Шампиони, Кристијано Роналдо му донесе победа на Јувентус (3-0) против Атлетико Мадрид која се покажа доволна за пласман помеѓу осумте најдобри. На „старада дама“ и требаше победа од три голови разлика, откако првиот меч во Мадрид го изгуби 2-0. Роналдо најдобро го знаеше тоа и ги презеде работите во своја контрола постигнувајќи три погодоци.
- Покажавме карактер достоен за освојување на титулата во Лигата на Шампиони. Најавив дека оваа ноќ ќе биде посебна и беше. Реакцијата на целиот тим беше неверојатна. Нашиот менталитет беше на ниво кое е потребно за добивање на вакви натпревари. Јувентус и јас пуштивме рака токму поради вакви натпревари. Да помогнам ваквите ноќи да бидат магични. Атлетико е многу јак и незгоден тим, но ќе повторам ние покажавме квалитетот во текот на сите 90 минути. – изјави Роналдо.
И седмиот хет трик во ЛШ, Роналдо го постигна против Атлетико, но тогаш во дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ во 2017 година го поминаа Атлетико благодарание на Португалецот кој учествува во пет елиминации на шпанскиот состав.
OhridNews
ЛШ: Роналдо и се` е можно, Португалецот го „разбуди“ Јувентус! (видео)