Кристијано Роналдо замина за Португалија каде ќе биде прегледан од лекарскиот тима на португалската селекција која ќе одлучи дали напаѓачот е подготвен да настапи на бараж мечот в сабота против БиХ.


Кралскиот клуб од Мадрид мораше да попушти под притискот на селекторот Кеирош но и на ФИФА која вели дека клубот мора да го пушти играчот на повик на селекцијата, а докторите во селекцијата ќе пресметаат дали тој е спремен да игра или не.

ohridnews