Португалскиот ас Кристијано Роналдо и следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од италијанскиот калчолигаш Јувентус. Информацијата ја потврди спортскиот директор Павел Недвед за „Скај Спорт“.
Одморот на Роналдо завршува. Тој доаѓа понеделник во Торино и останува со нас, – изјави Недвед.
Чехот, исто така најави дека клупската управа ќе се седна на маса со Пабло Дибала и неговиот агент за продолжување на соработката. Повратникот на клупата Масимилијано Алегри сака да работи со Роналдо и Дибала заедно.
„Старата дама“ не е нешто активна на трансфер пазарот, но клубот располага со добри и квалитетни фудбалери и нема да биде чудно ако остане така до крајот на летниот преоден рок.
OhridNews