Fудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го замени Дејвид Бекам во најновата реклама за долна облека и фармерки на Италијанската модна куќа Армани. Билбордите со Роналдо ќе бидат закачени од 1 февруари низ најголемите светски градови во светот: Лондон, Лос Анџелес, Њујорк,  Париз и Милано.


Кристијано е многу згодно младо момче со совршен изглед на спортист, “изјави Армани на промоцијата.

Од своја страна Роналдо истакна дека е презадоволен од соработката со познатата модна куќа. Кристијано Роналдо беше придружуван од познатата холивудска актерка Меган Фокс на официјалната промоција. Фокс е заштитно лице на женската колекција на Армани.

Армани е легенда во светот на модата и јас сум голем обожавател на неговата работа. Задоволен сум и од сликите кои ги снимивме за целата кампања“ изјави Роналдо.

Ohridnews