Македонската борбеност и добрата поставеност на фудбалерите ги засени скапите ѕвезди на Португалија на пријателскиот меч одигран во Лиерија кој заврши без победник 0-0. Кристијано Роналдо од далечина се обидуваше да го совлада Богатинов. Најблиску до погодок беше фудбалерот на Бешкташ, Кваразжма, но и неговиот удар Богатинов го неутрализираше.


Игравме против ултра дефиназивната тактита на Македонија. Но ова беше тест дуел, и ние го остваривме зацртаното. Среќата ни го сврте грбот и затоа не постигнаме гол во мрежата на противникот. Имаме уште еден пријаталски натпревар, а потоа следува оној најважниот со Германија во групата на ЕП – истакна најскапиот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо.


“Европските бразилци“ континеталниот собир ќе го отворат со Германија, потоа следуваат мечевите со Данска и Холандија.

Мх.П.