Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо верува во екипата и пласман понатаму во Лигата на Шампионите иако противникот Атлетико Мадрид обезбеди предност 2-0 во првиот меч од осминафиналето. На „старата дама“ и е потребна победа од три погодоци за сигурен пласман помеѓу најдобрите, а Роналдо ги повикува навивачите да ги бодрат од првата минута.

  • Мислам дека сме добри, полни со самодоверба, веруваме во победа. Сакаме да имаме специјална вечер. Сакам да им порачам на навивачите да размислуваат позитивно, да веруваат. Потребна ни е нивната помош за да успееме. Ние ќе го одработиме нашето на теренот, ќе се обидеме да постигнеме голови и да победиме, но потребна ни е нивната помош. Бидете подготвени за големо враќање. – изјави Роналдо.

Четирите реванш мечеви понудија многу возбудвања и пресврти и никој не смее да го отпиши или пак да не верува во Јувентус. Ајакс во Мадрид успеа да го совлада Реал со 4-1 и да се пласирана понатаму, а Манчестер Јунајтед го победи ПСЖ со 3-1 и благодарание на голот повеќе на гостински терен го елиминираше фаворитот за титулата.

OhridNews