Португалскиот ас Кристијано Роналдо се уште добива награди и признанија за неговиот учинок во шестгодишниот престој во Манчестер Јунајтед.

Роналдо ново признание доби откако „Скај Спорт“ го избра за најдобро засилување во историјата на Премиер лигата. Како што пренесува „Скај Спорт“ во изборот учествувале поранешни и сегашни новинари, како и фудбалери и менаџери.

Роналдо како млад тинејџер се пресели на Олд Трафорд во 2003 година од Спортинг Лисабон во трансфер вреден 17 милиони евра. Португалецот не само што ги оправда средствата и очекувањата, туку остави и долготраен печат во Манчестер Јунајтед.

Во 2009 година Роналдо се пресели во Реал Мадрид за тогаш рекорден трансфер од 95 милиони евра.

Во топ 10 трансфери покрај Роналдо се наоѓаат Тиери Анри (Арсенал), Ерик Кантона (Манчестер Јунајтед), Френк Лампард (Челси), Рој Кин (Манчестер Јунајтед), Дидиер Дрогба (Челси), Сол Кембел (Арсенал), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед), Алан Ширер (Њукасл), Винсент Компани (Манчестер Сити).

OhridNews