Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за октомври, објавено е денес на официјалниот сајт на клубот. Роналдо освои најмногу гласови од навивачите кои одлучуваа кој ќе го добие признанието.
Второто место во изборот на фановите на Јунајтед му припадна на голманот Давид де Хеа, додека трет е уште еден напаѓач, Маркус Рашфорд.
Триесет и шестгодишниот Роналдо одигра пет натпревари за Манчестер во октомври и постигна два гола со една асистенција.
Досега, на десет натпревари оваа сезона, Роналдо постигна седум гола и креира една асистенција.
OhridNews