Португалскиот ас Кристијано Роналдо, аргентинскиот виртуоз Лионел Меси и полскиот голгетер Роберт Левандовски се финалисти во трката за наградата „The Best“, која ја доделува Светската фудбалска организација (ФИФА).
Според резултатите и параметрите, фудбалерот на Баерн Минхен Левандовски е апсолутен фаворит, додека Роналдо и Меси од „втор план“ ќе ја чекаат шанса за нова индивидуална награда. Со Левандовски во нападот, екипата на Баерн Минхен освојуваше трофеи секаде што играше.
Покрај најдобар фудбалер ќе се бира најдобра фудбалерка, а во конкуренција се Луси Бронс, Пернил Хардер и Венди Ренар. Ќе се одбира најдобар тренер во машка и женска конкуренција, најдобар голман, најдобар погодок и фер плеј екипа.
Гала церомонијата на ФИФА ќе се одржи на 17 декември.
OhridNews