Португалецот Кристијано Роналдо е жив пример како со макотрпна работа, голема дисциплина и здрав начин на живот се стигнува на врвот. Таквиот начин на живот  Роналдо сака да му го пренесе на својот син Роналдо Јуниор. Сепак, Роналдо нема ништо да му наметнува на синот кој веќе тренира фудбал во академијата од Јувентус.

Понекогаш посакува да пие кока-кола и да јаде чипс и тоа многу ми смета. Тој го знае тоа, но сепак, тој е дете. Исто така после тренинг му сугерирам да се искапи во ладна вода, но штом влезе во водата веднаш излегува бидејќи му е ладна. Нема да го притискам да биде фудбалер. Не сакам така да ме доживува. Но, сигурно ќе му бидам поддршка во градењето на кариерата. – изјави Роналдо.

Роналдо јуниор има 10 години. Тој е плод на Роналдо и сурогат мајка која се уште не е откриена. Роналдо последниве години е во врска со Георгина Родригез со која имаат ќерка, Алана Мартина.

OhridNews