Португалскиот ас Кристијано Роналдо ќе го пропушти вечерашниот дерби натпревар помеѓу Јувентус – Барселона во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони. Роналдо за време на репрезентативната пауза се зарази со вирусот ковид -19 и се уште не може да го преброди, односно да добие негативен тест. Неговата здравствена состојба е стабилна.
Се чувствувам добро и здрав сум. Напред Јувентус! – напиша Роналдо на социјалните мрежи. Потоа во коментар додаде „ПЦР тестовите се ср**е“.
Поради отсуството на Роналдо, љубителите на фудбалот ќе останат покуси за средба помеѓу Португалецот и Аргентинецот Лионел Меси кој ќе истрча со капитенската лента на „Алијанц“ стадионот во Торино. Мечот се игра во 21 часот.
OhridNews