Најдобриот фудбалер на Јувентус Кристијано Роналдо стави точка на серијата без погодок од слободен удар после две години и стотина неуспешни обиди. Португалецот од прекин погоди во градското дерби Јувентус – Торино, кое им припадна на домаќините со 4-1.

Конечно! Погодокот слободен удар многу ми требаше. Сега ќе ми се врати самодовербата и ќе нема потреба да размислувам околу мојата серија без погодок. Добрата подготовка за натпреварот значеше многу. Почнавме агресивно, успеавме да постигнеме два погодоци и да го отвори мечот. Ние сакаме да победуваме и затоа најавуваме триумф во Милано. – изјави Роналдо.

Разликата на табелата помеѓу лидерот Јувентус и второпласираниот Интер е седум бодови, а третопласираниот Интер заостанува единаесет бодови но има меч помалку.

OhridNews

 

Торино не е дораснат за Јувентус, рекорд на Буфон и ремек дело на Роналдо (видео)