Легендарниот бразилски фудбалер, кој три пати беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, Роналдо, по фудбалската кариера наскоро ќе се најде на филмското платно во филмот “Open Road”. Роналдо во ова холивудско остварување ќе глуми заедно со Енди Гарсија и Џулиет Луис, кои се номинирани за престижната награда Оскар. Роналдо во филмот ќе глуми негативец.


Режисерот на филмот, Марсио Гарсија, ја потврдил оваа вест преку својот Твитер профил. Снимањето на филмот ќе започне во јуни на улиците на Лос Анџелес, а дебито на Роналдо во Холивуд ќе биде продуцирано од Ури Сингер.