Асот на Португалија и италијанскиот калчолигаш Јувентус, Кристијано Роналдо избегна суспензија, но доби парична од УЕФА за неспортско однесување после завршувањето на реванш натпреварот со Атлетико Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

Португалецот кој постигна три погодоци и беше творец на неверојатниот пресврт на Јувентус успехот го прослави со покажувањето на гениталиите. Практично тој го копираше тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој тоа го направи во првиот меч на „Ванда Метрополитано“.

Роналдо ќе му биде на располагање на Масимилијано Алегри за првиот меч со Ајакс во 1/4 финалето, но ќе и плати на УЕФА вкупно 20 000 евра за неспортско однесување.

OhridNews